Јаулески неколку пати кажа дека пописот мора да се одложи заради високите бројки од Ковид-19 и заради безбедноста на граѓаните. Според него со тоа што власта брза да го спроведе овој попис само укажува на фактот дека станува збор за политичка наместо статистика операција.

– Пописот не е важен само заради кој на кого припаѓа туку за креирање на 10 годишни развојни политики, дециден е Јаулески во гостувањето на Радио Лидер.

Дополни дека пописот е важен за клучни дејности како образованието, работните дејности и слично. Јаулески вели дека со пописот се креира пазарот на труд, па затоа многу е важен за народот.

 

Гледајќи ја целата методологија уште од почеток, Јаулески потенцира дека станува збор дека станува збор за политичка операција. Вели дека пописот е важен, но дека мора да се одложи особено знаејќи дека 5000 попишувачи би влегувале во секој дом.

– Хипотетички, 5000 попишувачки кои самите не се заштитени бидејќи неспособната Влада не успеа да набави вакцини, тие се изложени на ризик или да фатат или да пренесат Ковид-19. Тоа ќе имплицира илјадници новозаболени и голем број починати лица, вели Јаулески.

За крај, тој посочува дека многу европски земји како Германија и Франција веќе го одложија пописот, а додава и дека истиот пример го следат и земјите од регионот како Србија и Бугарија. Вели дека единствено Македонија отстапува од оваа практика.