Тендери во четири очи, непочитување рокови за тендерски постапки за јавни набавки, дискриминаторкси услови за тендери, а секој трет договор со јавна институција е склучен во постапка каде учесник е само една фирма . Бројките од најновиот извештај за редовен мониторинг при Центарот за граѓански комуникации пак ја доведоа во прашање функционалноста на институциите. Корупцијата се уште е еден од најголемите проблеми при склучување на договорите, компаниите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите, а најчест облик на корупција според анкетираните компании се врските. Лани биле склучени договори во вредност од 1,1 милијарда евра, а најголем дел од набавките се спроведуваат со задоцнување од 1 до 8 месеци, пренесе ТВ Алфа.
Вредноста на договорите склучени низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас во 2022 година изнесува 31 милион евра и бележи намалување во однос на претходната година за 30 % .Секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра). Отсуството на конкуренција води кон зголемување на ризикот во тендерите да не е добиена најдобрата вредност за потрошените пари, стои во извештајот.
Минатата година имало поништено дури 31 отсто од тендерите, што отвора сомнеж за објективноста и законитоста во носењето на одлуките за поништување. Како критериум на тендерите се земала најниската цена , што отвора простор за дискриминација на учесници. Свесно се избегнувале одредени спецификации за да се одбере одредена фирма или производ. 93 отсто од компаниите сметаат дека на електронските набавки се даваат нереални цени
„Во 2022 година се склучени Вредноста на набавките во 2022 година е намалена во однос на претходната година за 14 отсто, односно за 11 милијарди денари. Доколку се направи анализа на склучените договори во 2022 година, според бројот на добиени понуди во постапката, произлегува дека најголем дел од договорите се склучени без посериозно присуство на конкуренција, односно со една или со две добиени понуди“, се наведува во Извештајот.
427 милиони евра државни пари биле вклучени за договори каде се појавила само една понуда, а имало случаи кога ни една компанија не се пријавувала на јавен тендер . Просечно, се пријавувале по три компании . Истражувањето е спроведено во март 2023 на 331 фирма од сите поголеми градови во земјата преку анкетирање .