Сашко Јовев, разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, ексклузивно за утрешната емисија на Трилинг и вебсајтот Трилинг.мк открива колкава е докторската плата на директорот на Клиниката за кардиохирургија.
Платата на директор без дежурства е околу 80.000 денари, а со дежурства се стигнува и двојно од тоа, вели Јовев.
Тој ја потврди информацијата дека имал средба со министерот Меџити.
Утринава се сретнав со министерот за здравство Фатмир Меџити. Се надевам уште еднаш дека ќе ја преиспита одлука за мое разрешување од Клинката за кардиохирургија и ќе ги прифати реакциите од јавноста, вели професор доктор Сашко Јовев.
Јовев за утрешното издание на Трилинг вели дека засега останува на клиниката за кардиохирургија и не прифаќа да биде национален советник за Кардиохирургија. Тој очекува да види кој ќе биде негов наследник ако во меѓувреме министерот не ја преиспита својата одлука, но не исклучува и да замине од јавното здравство.
Целата емисија ќе може да ја погледнете во текот на утрешниот ден на ТВ24.