Гувжите на граничниот премин „Богородица“ не стивнуваат. Колоната од возила е долга повеќе од километар. Патниците кои чекаат влез за во Грција чекаат по повеќе од час во место. Има и многу возила кои транзитно поминуваат низ Македонија, а се со странски регистрации.

„Чекаме долго. Има колони. Во место стоиме. Колоните се долги километар, можеби два“, сведочат патници кои чекаат да ја поминат границата за „Макфакс“.

И АМСМ посочува дека задржувања на границата има.

„На ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е околу час и половина“, велат од АМСМ и додаваат: „На ГП Дојран, времето на чекање за излез од државата е околу 1 час“.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Гужвите на границите за излез кон Грција започнаа уште утринава.