Илјадници луѓе се собраа денес пред Владата на семакедонскиот протест да го изразат својот револт против садистичкото однесување на државата кон уставобранителите.

Бројот на граѓаните е огромен и покрај тоа што утринава беа поставени полициски патроли на влезовите на град Скопје и беа сопирани и казнувани возилата кои беа упатени кон главниот град.

Огромната маса луѓе се упати кон собранието на Република Македонија, каде Игор Дурловски и Андријана Јаневска ја отпеаја македонската химна.