Укинат му е ефективниот притвор на 46 годишниот скопјанец Стефан Димковски. Тој беше осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо по грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Утрово обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска побарала Димовски да биде пуштен од притвор откако претходно Кривичниот суд три пати му ја продолжуваше оваа мерка.
Кој е Стефан Димковски?
Според нашите информации станува збор за бизнисмен и фамилијарен човек кој живее во Струмица каде има голема компанија за увоз на земјоделски репроматеријали. Тој не беше познат на македонската јавност, а за него се дозна откако беше обелоденето дека тој е човекот кој го трнспортирал убиецот Љупчо Палевски од Србија, преку Бугарија во Турција. Од она што се знае за него е дека бил активист на партијата „Десна“, а нема никакво криминално минато. Оттука, се појавија сомнежите дека тој практично можеби и воопшто не знаел за грозоморниот чин на Палчо.
Дали Димовски знаел за грозоморниот чин на Палчо?
Во декември кога тој пристигна во судот негираше дека знаел за ваквиот грозоморен чин. Како што кратко соопшти за Скопје1 при тогашното носење кон судот рече „јас го возев на болница“ алудирајќи на тоа дека Палевски му рекол да одат на патувањето заради здравствени причини.
Како се одвивала трасата на Димовски со Палевски?
Со бел џип „Ленд Ровер“ кој бил на струмички регистарски таблички Димовски се упатил кон Белград од каде го собрал Палчо, а оттаму се упатиле преку Бугарија кон Турција. Ваквите движења се одвивале на 2 декември 2023 година, а истиот ден стигнале и во Турција.
Димовски стана „сомнителен“ со фотографија објавена на неговиот Фејсбук профил
Откако стана „атрактивно“ името на Димковски, а тогашниот министер ги сподели неговите детали, ваквата фотографија ја објави Радио Лидер, а отпосле следуваа и низата коментари. Оваа фотографија повеќе ја нема на социјалните мрежи.
Останува прашањето каква порака сакал да упати Палевски со оваа слика.
Приведен на граничниот премин Стар Дојран
На трети декември Стефан Димковски со возилото преку Грција се упатил назад кон нашата држава. Токму при влезот во Македонија, на граничниот премин Стар Дојран тој беше уаспен, а отпосле пренесен во Судот каде ја даде и кратката изјава. Оттогаш, заедно со останатите осомничени тој беше во затворот Шутка.
Прва разврска за двојното убиство
Ова е прво ослободување од притвор за овој случај, а останува прашањето „дали Димковски не знаел ништо за грозоморниот чин на Палевски“. Останатите осомничени се уште се во Шутка.
Екстрадиција на Палчо
Љупчо Палевски, главниот осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се уште се наоѓа во Турција, а се уште се очекува неговата екстрадиција.