Сите посетители на влезот биле тестирани на Ковид и морале постојано да носат маски. Тие не морале да се држат на растојание едни од други. Од сцената ги забавувал бендот Love of Lesbian.
Неодамна добиените резултати од експериментот покажале дека шест лица се заразиле со корона во рок од 14 дена по концертот во Барселона, но инциденцата е помала отколку кај општата популација, пренесува Би-Би-Си.
Од шестмината, научниците заклучиле дека четворица се заразиле на друго место освен на концертот.

-Нема индикации дека вирусот е пренесен на концертот. Се надевам дека овие резултати ќе дадат поттик за светската култура и дека музиката ќе се слуша како што заслужува, рекол инфектологот Јосеп Марија Либре.

Концертот во Барселона бил еден од најголемите собири во Европа од почетокот на пандемијата.
Сличен експеримент беше спроведен минатиот месец во Холандија, каде околу 1.500 луѓе се собраа на забава за два дена.