Неговата прес-конференција ја пренесуаваме во продолжение:
Стево Пендаровски велеше дека не смее ниту еден државен ресурс, дури и најмалиот да биде употребен во неговата кампања, за на крај лично тој да ги злоупотребува.
Да видиме што зборуваше Пендаровски.
Пендаровски лично злоупотребува државни ресурси во трката за претседател.
Стево Пендаровски спротивно од тоа што го тврдеше се појавува на владини настани во изборен период, со чија организација нема никаква поврзаност.
Стево Пендаровски се вози со државен автомобил до партиски штабови за партиски состаноци, иако велеше дека тоа нема да го прави.
По примерот на Пендаровски работи цело СДС. За потребите на Пендаровски, вицепремиерот Маричиќ злоупотреби службено возило за да се потпише за кандидатурата на Пендаровски.
Стево Пендаровски едно зборува, друго прави.
Стево Пендаровски ги злоупотребува државните ресурси за партиски потреби.
Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.