Претседателот на Собранието Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираа и посочија дека тоа се прави со цел во салата да не можат да влезат и други пратеници. По заклучувањето на вратите, пратениците прашуваа врз основа на што заклучува собраниски врати, а тој одговори: „Деловникот“. Пратеници

Заклучени пратеници и хаос во Собрание! Диктатурата на ДУИ/СДСМ олицетворена во Талат го покажува грдото лице во Собрание!, напиша пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков , на социјалните мрежи. 

Ова се случило неколку пати денеска, кое, како што тврдат пратениците е спротивно на Деловникот. Велат заклучувањето е недемократско, ограничено им е слободното движење и најавуваат дека ќе пријават во полиција.

-Автократот Талат Џафери кој ја узурпираше позицијата претседател на Собрание ги исклучи микрофоните поради што ќе има тонски запис смао од неговото обраќање. Спротивно на деловникот тој денеска неколкупати ги заклучи вратите од собраниската сала за да не можат пратениците кои што се надвор од нејзе да влезат и да се пријават за збор. Ова е срамота, насилие – вели пратеникот Бојан Стојановски.