Последниве денови портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски обвинува дека УЈП дозволува криминал со поврат на данок вреден 22 милиони евра а УЈП каде директорка е вториот човек на СДСМ Сања Лукаревска демантира и тврди дека се е по закон по кој се гонат фирмите кои правеле малверзации, пренесува Express.mk.

Дури Лукаревска во еден момент на Стоилковски му понуди обука за даноци и поврат на данок по што Стоилковски излезе на терен.

Тој отиде на местото – празна ливада каде што една од трите фирми кои се опфатени со мерки лажела дека има бензинска пумпа и од таму и постави прашања за Лукаревска.

,,Додека чекам обука од Сања Лукаревска пластично да објаснам криминалот со УЈП.
👉Фирмата е должник затоа што точеле и продавале гориво на празна нива, па од продаденото да платат данок?
👉Како ако не е продадено, нема од каде да продава, Лукаревска пресметува данок?
🫴Или Лукаревска бара да се вратат парите за исплатен поврат на ДДВ”, прашува Стоилковски кој ги користи хаштазите:
#22000000евра
#повратнаддв
#обуказакриминал
#обуказасања
#никогашнебилополошо