Груби и Ахмети доживеаа дебакл во Чаир – ништо од масовноста која ја најавуваа за „големиот митинг“, па затоа според информациите кои ги имаме помогнале Ковачевски и Зечевиќ со членови од СДСМ. Станува збор за Македонци кои не разбираат ниту еден збор на албански јазик.
Наспроти тврдењата на Демократската унија за интеграција дека на вечерашниов митинг во Чаир наишле на исклучително голем прием од активисти на ДУИ, вистината е сосема поинаква. Пред присутните говори одржаа претседателот на Собранието, Џафери, првиот вицепремиер Груби, министерот за надворешни работи Османи, како и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети. Но, и покрај се, овој митинг наспроти големите хонорари и артисти кои беа ангажирани, сепак масовноста беше далеку од најавената.
Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение.