Непосредно пред стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година, против Романија на „Националната арена“ во Букурешт, фудбалерите на македонската репрезентација одлично се забавуваат и се обидуваат да го „збунат опонентот“ со неконвенционалните тренинг методи. Навраќајќи се на играта од детството која и нема општоприфатено име, а ја знаеме сите како „бззз“, во кругот како „жртви“ се појавија сите. Од Ристовски до Николов.

Видеото може да го погледнете во продолжение.