Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице. СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на “децата” кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село. За Ефтимов и Стојанов не било никаков проблем да отидат на местото каде ќе биде претседателот Мицкоски, и да се обидат да направат инцидент и потоа да се претстават како жртви. Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи во Струмица. Затоа Филипче ги одбрал токму нив, посочи Манасиевски.

„Внуци на Заеви, тепачи, насилници и наркомани. Таа е матрицата на СДС, а таа никако не смее да биде иднината на Македонија“ – порача тој.