Мицевски прашува кој издаде документ да може позитивни лица да издадат документ и да одат во Собрание и да ги ризикува животите на пратениците и вработените во Собранието.

– Ги затвораат сите, а од друга страна непотребно носат позитивни пратеници на работа. Каде е тука човечкото и моралното, да дојдеш на работа и да ризикуваш да ги заразиш колегите пратеници. Тој протокол кој го кажуваат е само за лица кои немаат симптоматологија изразена со КОВИД-19, а ние имавме јавна објава од колешка која кажува дека е позитивна, истакна Мицевски.

Тој додаде дека додека граѓани чекаат амбулантно возило по цел ден, за пратеничката на СДСМ, амбулантно возило служеше како такси и ја чекаше цел ден, а ваквиот апсурд наместо да добие осуда министрите го нарекоа херојски чин.

– Жално е што вчера што ја релативизираат ситуацијата, а особено министри кои треба да го осудат ова. Министерот за правда ова го нарече херојски чин, кршењето на законите и Уставот. Алијанса и Алтернатива најавија дека ќе бидат присутни за 32 седница, ние кажавме дека ќе бидеме присутни за 36 седница да се изгласаат мерките, и да дојдеш да демонстрираш сила да кршиш закони и тоа министерот за правда да го нарече херојски чин е несфатливо, истакна Мицевски.

Пратеникот нагласи дека имаме трагични случаеви кои луѓе позитивни не ги пуштаа да одат на погреби на своите најмили, има казнени мерки против еден куп граѓани за непочитување на протоколите и сега е проблем е како ќе се убедат граѓаните после ова да ги почитуваат мерките.