Тој ги објасни причините зошто тутунарите се незадоволни.
– Прво од ниската откупна цена и второ од декласирањето на тутунот според некоја методологија на мустри кои што не одговараат на квалитетот на произведениот тутун и трето од тоа што гледаат дека во државата за жал некои стопански субјекти блиски до власта увезуваат ориентален тутун што претставува директна конкуренција и го загрозува производството на домашниот тутун, рече Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека како политичка партија побарале уште во декември минатата година во собранието да се расправа за оваа тема. Но, за жал владејачкото мнозинство не излезе во пресрет на таквите барања.
– Сега е продолжен откупот до крајот на март, но гледаме ситуацијата не се менува и голем број на тутунопроизводители остануваат со непродаден тутун а од тоа егзистираат. Цениме дека ваквиот начин и однос од власта не е соодветен со трудот и времето кое се вложува од страна на тутунарите во производството на тутун, вели Милошоски.