Попладнево е уапсен сопственикот на кравите кои уништуваат приватен имот ширум Крива Паланка и го загрозуваат сообраќајот во околината.
Сопственикот е уапсен затоа што попречувал инспектори од АХВ да ги одземат кравите, а дополнително и се заканувал по живот на повеќемина граѓани кои трпеле штета од неговиот добиток.
Неговите ќерки се обидоа да ја спречат полицијата да го уапси нивниот татко кој и самиот е поранешен полициски службеник.
Извор: expres.mk
