Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 годишнината од независноста во Македонија вечерва започна од Охрид на стадионот „Билјанини извори“.
Во 11 градови преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении.
На 11 август спектаклот ќе биде изведен во Битола пред платото на Офицерскиот дом, а на 12 август во паркот пред Општина Велес.
