Порака за улогата на вработените во системот

По повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитки до вработените во одбраната и припадниците на Армијата.

Во пораката тој се осврна на нивниот придонес во безбедносниот систем и секојдневните задачи што ги извршуваат.

„Почитувани вработени во одбраната и припадници на Армијата, денешниот ден ја симболизира вредноста и важноста на трудот на секој еден вработен. Високо ја вреднувам вашата работа, вашата посветеност, мотивираноста која е видлива секој изминат ден, работејќи на процесите кои нè прават побезбедни и посилни. Ве охрабрувам со истиот ентузијазам, професионалност и посветеност да продолжите да придонесувате во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните“, истакнува министерот Мисајловски.

Професионализам, тимска работа и заедништво

Мисајловски во пораката нагласи дека професионализмот и тимската работа се основни вредности во одбраната.

Тој посочи дека тие квалитети се клучни при секој ангажман и пред секој предизвик.

„Професионализмот, тимската работа и заедништвото кои ги покажувате пред секој предизвик и секој ангажман, рече министерот, се квалитети кои ве одликуваат и ве водат секојдневно. Вие сте темелот на безбедноста на државата и сигурноста на македонските граѓани. Честит 1. Мај!“, потенцира министерот.