Македонските и украинските навивачи низ целиот ден беа заедно на улиците и во крајно пријателска атмосфера се подготвуваа за почеток на натпреварот, а сето тоа продолжи и до доцните вечерни часови на улиците во центарот на градот.

Социјалните мрежи беа преплавени со позитивни коментари за целата атмосфера, а се појавија и голем број на видеа на кои Украинците скандираат и пеат македонски песни. На едно од овие видеа, Украинците заедно со македонската „фаланга“ скандираат „Никогаш северна, само Македонија“, на точно 3 години од потпишувањето на Договорот со Грција.