Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација наскоро ја очекува настап на Европското првенство во Германија кое ќе се одржува од 10 до 28 јануари 2024 година.

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација наскоро ја очекува настап на Европското првенство во Германија кое ќе се одржува од 10 до 28 јануари 2024 година.

Нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров го завршија првиот дел од подготовките во Стара Пазова, Србија.

Репрезентативците одиграа и контролен меч против Црна Гора, следува пауза од неколку дена, а од 2 јануари ќе продолжат тренинзите.

За 4 и 5 јануари пред заминувањето за Германија, во Скопје се закажани тест дуели против селекцијата на Грција.

Ракометарите ви честитаат Среќни новогодишни и божиќни празници. Повеќе на видео записот: