Горни Милановац и Дојран се двете места каде што премиерот Зоран Заев ја фатил својата прва девојка, реагираат твитерџиите откако шефот на Владата, викендов, во интервју за српски Курир откри дека првата девојка ја фатил во Горни Милановац, а пред само четири години рече дека првата девојка ја фатил во Дојран.

– Моето име е врзано за Србија, мојата младост е врзана за Србија, сè што работевме, целиот наш семеен капитал поврзан е со Србија. Првата девојка ја имав од Горњи Милановац. Преубавата Јелена. Ја запознав едно лето додека продавав лубеници, пиперки и краставици на пазарот во тоа место. Првиот екстрапрофит го заработив продавајќи прашок за алишта од Србија, а првите милиони кога во Србија продавав сува пиперка – вели Заев во интервјуто за српски Курир.

– Во Дојран ја фатив првата девојка, детството ми помина тука, заедно ќе му го вратиме сјајот и убавината – рече Заев во септември 2017 година.

Премиерот во две различни изјави пред јавноста тврди дека првата љубов му била во два различни градови, во две различни држави, па корисниците на социјалната мрежа Твитер се шегуваат на негова сметка, пеејќи му ја песната „И сваки пут као да је први“.