Кина беше главна тема на разговорите и на прес конференцијата на генералниот секретар, ние имаме посебен однос со Кина, меѓу другото и вакцините, и друг тип на инвестиции, колку овој некој привилегиран однос што го имаме Кина се коси со заложбите што ги преземавте денеска во однос на безбедносниот ризик што го претставува Кина за НАТО? ,го праша дописничката на МИА.

-Прво мислам дека Северна Македонија е целосно на линија на развиените демократии, не се споредувам тука со земјите од западен Балкан, туку со соработката што ја има Америка со Кина, една Германија, една Франција, итн. Кај нас за разлика од нашите соседи на Западен Балкан, нема договори во четири очи. Секако почитување на “фидинг“ алатките коишто значат исполнување на условите, и комплетна конкурентност и одговорност внатре, важи за сите, така важи и за кинеските компании и поради тоа не учествуваат во дел од тендерските постапки. Кај нас компетитивноста и европското законодавство се императив. И тоа е така. Може кинеска фирма да работи ако победи на тендер, во четири очи нема. Фала богу поминавме од денешен аспект гледано еден драматичен процес којшто нѐ освести дека тоа е недозволиво. Мора да има компетитивност. Ние сме мала земја и сакаме пријателство со сите. Кога земјите партнери го градат тоа пријателство и соработка и со Кина и со Русија и наша цел е да градиме пријателство, но ние сме НАТО земја членка и до крај се почитуваат принципите на НАТО. Кина партиципира со сериозни дотации на многу кинески фирми коишто ги става во предност во однос на многу европски фирми, и за тоа е свесно и НАТО и ЕУ и затоа се бараат соодветни механизми затоа што секогаш гарант за квалитетот и компетитивноста се транспарентноста, отчетноста и секако конкурентноста во самите постапки. Јас верувам дека ќе се изнајдат сериозни механизми за сите современи закани за НАТО вредностите, а тоа владеењето на правото, демократијата, компетитивноста, слободите, вели Заев.

На прашањето „Дали би прифатиле Кинезите да ја градат 5G мрежата во Северна Македонија?“

Премиерот Зоран Заев одговори:

-За земја членка на НАТО тоа е недозволиво, ниту кај нас, ниту во било која од земјите членки