На булеварот Гоце Делчев автобус на Јавното Сообраќајно претпријатие се заби во жардиниера, но за среќа нема поголем инцидент и нема посериозна штета. Засега, како што информираат од МВР, само еден патник и возачот на автобусот што удри во жардиниера кај „Мавровка“ се пренесени во болница.

Автобусот можел да претрпи и поголема штета доколку се првртел, но за среќа застанал на жардиниерата. Двокатниот автобус веројатно возел со преголема брзина, а допрва ќе се утврдуваат штетите. Евидентно е дека автобусот е оштетен, а и коловозот е со течност која протекла.

Сепак, граѓаните најдоа и ваквата вевст да ја направат „смешна“ па упатуваат низа сатирични коментари. Едно од сатиричните видеа веќе е вирално на Инстаграм, а може да го погледнете во продолжение.

„Не смееш да парираш тука, барем пушти четири“, вели авторот на видеото, младиот глумец Антонио Ташковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @1covek

Сатирични коментари има и на Твитер, но и на Фејсбук.