Пресметката помеѓу „триколорите” и „Лавовите од Атлас” донесе немири низ неколку градови во Франција.
На социјалните мрежи се појавија снимки од Монпеље, имаше улични битки со огномент и факели по последниот свиреж на судијата.
Медиумите сега пренесуваат и за прва жртва токму во овој град, се работи за 14 годишно момче, навивач на Мароко. Тој бил прегазен со автомобил, возачот почнал панично да бега откако бил обиколен од група која се обидела да му го извади француското знаме од автомобилот.
Момчето било сериозно повредено, веднаш било пренесено во болница, но докторите не можеле да му помогнат.
BREAKING:
Moroccan fans seriously injured after having been ran over by a car in the French city of Montpellier. pic.twitter.com/hx8ivonN3n
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 14, 2022