Фудбалерите на Шкендија синоќа го загубија првиот натпревар со 2:1 од шкотски Хибернијан на негов терен од третото квалификациско коло од Конференциската лига.
Хибернијан поведе со погодокот на Елдинг во 73 минута, но радоста на домаќините траеше кратко.
Марко Ѓорѓиевски кој летово го засили тетовскиот тим, само три минути откако влезе во игра постигна гол за 1:1. До 90 минута беше 1:1, кога Хибернијан изведе корнер по кој топката најпрво удри во стативата, но потоа натрча О’Хора и погоди за конечни 2:1.
– Важен натпревар со физички добар противник. На реваншот во Скопје дефинитивно ќе се обидеме да го извлечеме максимумот. Мислам дека момците дадоа сè од себе. Во Скопје дефинитивно мора да влеземе со максимум сили. Вообичаено, според искуството што го имам во минатото како фудбалер, шкотските тимови имаат проблеми со временските услови, но не мислам дека тоа би можело да биде проблем. Она што морам да го кажам е дека мора да си ја завршиме работата и задачите што ќе ги дадеме за реваншот, дека дефинитивно ќе се обидеме да се квалификуваме и тоа би било фантастично за момците, за клубот, изјави на прес конференцијата тренерот на Шкендија, Артим Положани.
Реванш натпреварот се игра во четврток – 13.август на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20 часот.
