Триесет лица се згрижени во Клиничкиот центар Војводина во текот на ноќта по силното невреме кое го зафати регионот. Како што пренесува Танјуг, дел од лицата се со тешки повреди здобиени од удар на гром во објектите каде престојувале, меѓу кои 73 годишен човек кој е пренесен на одделот за хирургија. Во болница завршила и 45 годишна жена која била повредена откако паднало дрво врз киоск, додека другите пациенти се примени со полесни повреди.
Во невремето вчера загина и 12 годишно дете. Според написите во медиумите детето настрадало пред зградата во која живеело за време на невремето. Обидите за реанимација биле безуспешни. Сè уште не се знае починало од струен удар или било погодено од гром.
Bašta popularnog kafića “Magacin” u potpunosti uništena tokom nevremena u Novom Sadu.#nevreme #novisad #srbija #oluja pic.twitter.com/TEX06ZxoUL
— Radio 021 (@Radio021) July 21, 2023
Koprivić koji se nalazio u centru Novog Sada duže od jednog veka oboren je tokom nevremena. Bio je spomenik prirode, zaštićeno drvo.#nevreme #novisad #srbija #oluja #storm pic.twitter.com/QUyt5mejds
— Radio 021 (@Radio021) July 21, 2023