Незадоволен член на СДСМ од Неготино “удри“ по актуелното раководство на СДСМ во Неготино. Пред два месеци тој ги обил партиските простории и снимал што се наоѓа во просториите.

Во видеото кое стигна до нашата редакција тој ги покажува просториите на СДСМ во Неготино. Таму се гледа дека има многу пијалоци, алкохолни и безалкохолни, чаши, расфрлени хартии.

Како не ви е срам, народот нема леб да јаде, а вие се луксузирате. Јас 20 години го давав мојот глас за СДСМ, вели незадоволниот член на СДСМ додека снима во просториите.