Незадоволен член на СДСМ од Неготино “удри“ по актуелното раководство на СДСМ во Неготино. Пред два месеци тој ги обил партиските простории и снимал што се наоѓа во просториите.
Во видеото кое стигна до нашата редакција тој ги покажува просториите на СДСМ во Неготино. Таму се гледа дека има многу пијалоци, алкохолни и безалкохолни, чаши, расфрлени хартии.
Како не ви е срам, народот нема леб да јаде, а вие се луксузирате. Јас 20 години го давав мојот глас за СДСМ, вели незадоволниот член на СДСМ додека снима во просториите.
Незадоволен член на СДСМ од Неготино ги обил партиските простории и снимал што се наоѓа во просторијата pic.twitter.com/1Y5Nklfpzv
— Радио Лидер (@lider107_4fm) October 12, 2021