„Ние кои возиме без возачка дозвола, возиме многу повнимателно од тие кои положиле! Плати 1.000 евра и положен си! Значи не си положил ти, прасето положило“, порача Ром пред камерите на регионалната телевизија М Нет кој протестираше вчера во Штип.

Неговата изјава е хит на социјалните мрежи со оглед дека цврсто си ги брани ставовите.

– Не е тоа дека имам возачка и ќе возам правилно, пак ќе ми најдат маана. Ќе гледа само да ме „одере“ само. Законите се многу лоши во Македонија, европски, а не сме Европа. Доволно ги пратам работите, тврди овој човек.

Тој и останатите присутни на протестот бараат да бидат изземени од законската обврска за полагање на возачки испит, бидејќи тврдат дека се неписмени, но и немале пари за полагање, а и тврдат дека знаеле одлично да возат. Снимка од протестот стана вирална на интернет:

(ВИДЕО) „АКО ДОЈДЕ ПОЛИЦИЈА ЌЕ ЈА ТЕПАМЕ ОВДЕКА“: Ромите преку протест побараа да добијат возачки без да полагаат и да возат нерегистрирани возила

Извор: СкопјеИнфо