Местото на луѓето на челните позиции во транспортот е на терен, меѓу работниците. Затоа, утрово министерот за траснпорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на градежните активности на патот меѓу Ранковце и Крива Паланка.

Трајановски најави дека проектот ќе е готов до крајот на годината

Поранешниот градоначалник на Скопје и актуелен директор на ЈП дражвни патишта, Коце Трајановски изјави дека 80 отсто се реализирани активностите на оваа делница за иградбата на нов пат.

– Патот се гради во два Лота и тоа од Страцин до Длабочица во должина од 15 километри и од Длабочица до Крива Паланка во должина од 10 километри. Досега процентот на изградба на едниот Лот е 71%, а кај другиот Лот е околу 90%, рече Трајановски.

Тој додаде дека ова е дел од Коридорот 8.

На терен сме постојано, очекуваме патот да биде готов до крајот на годината. Овој пат ќе овозможи многу побрза комуникација од Скопје до Крива Паланка, ова е дел од Коридорот 8 кој е важен од Скопје до Софија, додаде Трајановски.

Трајановски рече дека со ова ќе се овозможува поврзување на земјава со соседна Бугарија. Додаде дека за овој пат вкупно треба да се потрошат 93,7 милиони евра.

Николоски: Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа

Во мојата петта недела како министер за транспорт заедно со директорот за јавни патишта излегуваме на терен. Овие изминати четири недели ги разгледувавме сите ситуации кои ги наследивме и кои не се добри, но ние сме избрани да бараме решенија. Решенијата полека доаѓаат едно по друго и ќе завршуваат.

Со задоволство можам да кажам дека овој експресен пат кој со модерно патно решение ќе ги поврзе Куманово и Крива Паланка, но и Крива Паланка и Ранковце со главниот град ќе направат брзо да се стигнува, ќе се развива бизнисот и луѓето ќе остануваат да живеат во местата од каде потекнуваат. Овој експресен пат ќе помогне да се забрза комуникацијата со Софија, да се скрати времето за патување и како би се отворил главниот град кон Софија. Патувањето би дошло некои пристојни 2 и пол часа од Скопје до Софија и на тој начин да го отвориме Коридорот 8.

Ова е проект кој го затекнавме кој одеше со слаба динамика во минатото и проект на кој не било посветено доволно внимание. Со задоволство можам да ви кажам дека по Нова Година може да го користат сите жители и на овој начин ќе ја развиваме Македонија, заклучи Александар Николоски.

Видео изјава