Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изградба на социјални згради. Во Велес беа доделени 29 социјални станови на граѓани од ранливи категории, а вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека Владата ќе продолжи со изградба на вакви објекти низ целата држава. Покрај тоа, фокусот ќе биде и на изградба на комерцијални згради, со цел да се намали цената на недвижностите.

Доделени 29 социјални станови во Велес

„Ми причинува огромно задоволство што семејствата во оваа социјална зграда конечно ќе најдат топол дом и ќе можат да изградат пристојна иднина. Бевме тука и во моментите на изградба, а сега сме тука заедно да го одбележиме нивното вселување. Оваа иницијатива нема да застане тука – продолжуваме со вакви проекти и во другите градови за да помогнеме на што е можно повеќе семејства,“ изјави вицепремиерот Николоски.

Владата ќе интервенира во цените за изградба на социјални згради

„Освен што ќе продолжиме со изградба на социјални згради, планираме да работиме и на изградба на комерцијални објекти, со што ќе се обидеме да влијаеме на цените на становите. За жал, квадратниот метар во некои градови достигна превисоки суми, а ние мораме да најдеме начин тие цени да одат надолу. Во наредниот период ќе има уште многу вакви и слични проекти,“ нагласи Николоски.

Видео од настанот

Мицкоски и Николоски на терен: Доделување на станови на социјално ранливите семејства во Општина Велес

Нови проекти и пристапни цени за граѓаните

Зградата во Велес располага со 29 станбени единици и 29 подрумски простории, а е изградена во рамки на владината програма за домување на социјално ранливи категории граѓани.

Директорот на АД за станбен и деловен простор, Марјан Стефановски, најави дека веќе следната недела ќе биде распишан јавен оглас за продажба на станови во комерцијалната зграда во Битола. Според најавите на вицепремиерот Николоски, цената на становите ќе изнесува 1.000 евра за квадратен метар. Николоски додаде дека цената за деловните простории ќе биде 2.000 евра по квадрат.

Во меѓувреме, со изградба на социјални згради се отвори прашањето за цена за метар квадратен. Цената на становите во Скопје веќе подолг период расте со засилена динамика.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Николоски: Продолжуваме со изградба на социјални згради – приоритет е намалување на цените на становите
Николоски: Продолжуваме со изградба на социјални згради – приоритет е намалување на цените на становите
Николоски: Продолжуваме со изградба на социјални згради – приоритет е намалување на цените на становите
Николоски: Продолжуваме со изградба на социјални згради – приоритет е намалување на цените на становите
Николоски: Продолжуваме со изградба на социјални згради – приоритет е намалување на цените на становите
Николоски: Приоритет е намалување на цените на становите

Николоски: Продолжуваме со изградба на социјални згради – приоритет е намалување на цените на становите

Дали да се купува стан во Скопје или да се чекаат подобри времиња?

Вечното прашање за жителите во главниот град веќе со години е „дали да се купува стан во Скопје или да се чекаат подобри времиња“? Краткиот одговор на ова прашње веројатно би бил дека секој граѓанин треба да одлучи стан, а обемниот одговор за полесно да дојдете до одговор на ова прашање може да го донесете откако ќе го прочитате текстот подолу.

Да се купува стан во Скопје или да се чекаат „подобри времиња“?

Како изгледаат цените во регионот?

Редакцијата на Радио Лидер истражи како се цените во регионот, а како мерило ги зедовме цените на крајбрежните локации. Таа вест може да ја прочитате во продолжение:,

Колку ќе ве чини ако сакате да купите стан со поглед на море: Детални цени за Црна Гора, Хрватска, Грција, Турција, Албанија