2025 година беше период кога министерството за транспорт предводено од Александар Николоски реализираше проекти од круциелно значење за Македонија, а еден од нив беше пуштање во употреба на дел од автопатот Охрид – Кичево.
Разликата веќе се забележува, а вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски сподели ноќно видео од 40-те километри кои се во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник“, напиша вицепремиерот Николоски на Фејбсук.
Погледнете го видеото:
