Нова снимка од „Ист гејт“ покажува што се случувало во трговскиот центар, но и како течела евакуацијата. На видеото се гледа и запаленото возило во подземните простории, за кое вработените експресно преземаат мерки за гаснење на пожарот. Како последица на што се зпаалило возилото, засега не се знае, објави 4News.

Од МВР веќе посочија дека запаленото возило е „рено лагуна“.

„Денеска бо 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Video nga Bota (@video.nga.bota)

Менаџментот на трговскиот центар посочи дека тој работи непречено и дека безбедноста за посетителите е загарантирана.