Колумбија се пласираше во големото финале на Копа Америка откако утринава со 1-0 го совлада Уругвај во Шарлот. Колумбијците ќе играат со Аргентина во понеделник рано наутро за титулата јужноамерикански шампион.
Џеферсон Лерма беше стрелец на победничкиот гол за Колумбија во 39.минута по асистенција на капитенот Хамес Родригез. Колумбија остана со играч помалку во финишот на првото полувреме, а во вториот дел успеа да ги издржи сите напади на Уругвајците за да дојде до големата победа и пласман во финалето на Копа Америка.
Darwin Nunez jumping into the stands to protect his family. Insane ❤️ pic.twitter.com/boO46k59ga
— Trey (@UTDTrey) July 11, 2024
Натпреварот, сепак, падна во сенка поради инцидентот што се случи потоа. Неколку колумбиски навивачи почнале вербално да ги напаѓаат блиските пријатели и семејствата на играчите на Уругвај на трибините. Дарвин Нуњез беше најжесток во реакцијата, кој се качи на трибините за да се пресмета со колумбиските навивачи. Во хаосот се вклучија уште неколку членови на уругвајскиот тим.
„Немаше никакво обезбедување ниту полиција, па моравме самите да ги браниме нашите семејства. Ова е вина на неколкумина несовесни и пијани навивачи“, рече по натпреварот уругвајскиот репрезентативец Хозе Марија Хименез.