Пораликс обезбеди снимки кои точно покажуваат кога и како жртвата заврши во Бразда и точното време кога е опожарено возилото
Во 07:55 двете возила кои го извршиле грабнувањето и убиството на Вања поминуваат на улицата број еден во населба Визбегово
Во анализа на снимките, се гледа дека во возилото Цитроен каде што била Вања, освен шоферот има уште едно лице на совозачкото седиште, а двајцата носат црни капи.
На задното седиште нема никој, но кај багажникот се гледа вреќа.
Населбата Визбегово се поврзува со селото Бразда каде што и е пронајдено телото на Вања
Во 09:37 возилото е запалено и чадот на снимката доаѓа од местото каде што е најдено возилото