Од собраниската говорница Љупчо Пренџов додека потенцираше дека власта сака насилно да го донесе овој закон, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа пратеникот од говорницата излегувајќи пред неа.

Во исто време пратениците од СДСМ ја напуштија седницата.

-Народот мора да види што се случува во собранието, за овој закон не сте прашале кој е ЗА, кој е против кој е воздржан, вели Пренџов.

Тој додава дека тоа не е демократија и дека ова собрание не треба да се чудиме што никој не сака да го гледа и да го слуша.