„На овие избори нема да се бира помеѓу Русија и Европска Унија туку ќе се бира помеѓу потребите на граѓаните и државата, а од друга страна Али Ахмети и Миле Зечевиќ и компанија, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој продолжи и додаде дека на изборите на 24 април во првиот круг професорката Силјановска ќе има околу 100 илјади гласови предност пред второ пласираниот според анкетите Стево Пендаровски.

-Најголем дел од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока и затоа сите граѓани ќе ја дадат поддршката за професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Пренџов.

Тој продолжи и додаде дека секој еден не само од Македонија туку и од надвор гледа дека моментално граѓаните во Македонија живеат во заробена држава од неколку луѓе од две политички партии каде државата им е гранапче и се прави што се сака.

-Владата го користи Собранието предизборно со многу коруптивни закони бидејќи се спремаат за бегање и затоа гледаат да искористат што е можно повеќе во Собранието“, рече Пренџов.

Тој заклучи дека за првпат после 20 години во Република Македонија ќе има целосна промена на власта на политичката сцена во која и ДУИ ќе замине од политичката сцена.