Локалните медиуми јавуваат дека се повредени повеќе ученици. Во тек е евакуација на учениците. Претходно беше соопштено дека две непознати лица отвориле оган врз училиште во Казан, по што одекнала експлозија.

– Обвинителот на Република Татарстан Илдус Нафиков замина на местото на настанот. Околностите околу инцидентот се испитуваат, се вели во соопштението на Министерството. На местото на инцидентот пристигна и претседателот на Република Татарстан Рустам Миниханов.

Набргу по пукањето, одекнала експлозија, соопштија специјалните служби. Тие уште додаваат дека за пукањето е виновен еден 17-годишен малолетник, кој е приведен.

Дел од учениците за да се спасат скокаа од прозорите на објектот.

Повеќе од 20 екипи на брза помош излегоа на местото на несреќата, објави Министерството за здравство на Татарстан