Штотуку заврши „големиот граѓански централен митинг во Скопје“ на СДСМ кој беше со слаб одзив кај граѓаните. И покрај големото спремање, помпезните најави, многуте автобуси на крајот митингот предводен од Ковачевски и Пендаровски доживеа дебакл.
Но, она што е несфатливо за македонскиот електорат е како на овој митинг имаше обраќања на албански јазик, па ни помалку ни повеќе за истото немаше превод. Дополнително, ваквиот говор на албански јазик од коносителот на изборната единица број 6, Агрон Демири наиде на овации кај присутните.
Ваквото обраќање уште веднаш наиде „под лупа“ кај твитерџиите кои пишуваат дека „присутните слушаат зборови кои не ги разбираат“. Повеќе погледнете во продолжение:
Замисли за плата од 20.000 денари си приморан да киснеш на дождот и да слушаш зборови од некој тетовски глупак кои воопшто не ги разбираш.
Умре приказната за едно општество за сите. Касно ви е. pic.twitter.com/DJNSi3D9ak
— Tochka X (@tochkaiks) April 21, 2024