Ќе се работи на најтешкиот дел од автопатот кој ќе води од Скопје преку Гостивар, Букојчани и Кичево до Охрид. По цели 50 години, Македонија добива историски проект. Коридорот 8 се реализира, а започнува да се работи на автопатска делница од Гостивар до Букојчани.
За час и половина од Скопје до Охрид
Николоски соопшти дека од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина. Преку Гостивар, Букојчани и Кичево ќе се стигнува до туристичкиот бисер, Охрид.
Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на автопатот којшто ќе значи дека меѓу Скопје и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и 20, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирањето на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите, потенцираше министерот Александар Николоски.
Коце Трајановски со снимка од градежните активности
Првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски е задоволен од работата на терен. Тој е дециден дека ако пред само три месеци, како држава сме биле чекор поназад од изведувачот, сега сме пред него и изведувачот има отворен фронт за работа.
Од снимката јасно може да се види какви се градежните активности на терен.
Неколку пати е пробиен рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид
Веќе 10 години автопатот Кичево – Охрид се гради, а на многу места работата е и целосно закочена. Домашните, но и странски туристи постојано се жалат за моменталниот пат којшто е стар и едвај функционален. Рокот веќе неколку пати е пробиен, се одложува, но со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ конечно има простор за оптимизам.
Николоски најави дека автопатот ќе е готов до крајот на 2026-та
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски ја откочи на работата на автопатот Кичево – Охрид. Тој вели дека ќе биде целосно функционален до крајот на 2026 година и најавува целосно откочување на работата.