Вчера околу 13:00 часот избувна пожар во близина на граничниот премин Богородица, а беа во опасност блиската бензиска станица, казино, како и граничниот премин кој неколку часа беше затворен. По неколку часовната интервенција пожарот беше локализиран и ставен под контрола, па граничниот премин беше отворен повторно.
Но, она што зачудува е видеото кое го објави телевизијата Канал Вис од едно од возилата кое беше користено за гаснење на пожарот. По самиот изглед на камионот се гледа дека е стар, можеби 50-тина години и кој требал да е одамна вон употреба.
Од ДЗС и ЦУК постојано се жалат дека кубурат со ресурси, постојано бараат од Владата интервенција за да се екипираат подобро, но досега ништо. Ситуацијата со Територијалните противпожарни единици е уште полоша, а ова видео е доказ за тоа.