Фудбалска Македонија во јуни ќе биде во транс и ќе навива за националниот тим кој за првпат во историјата ќе настапи на Европско првенство.

Песната „Одиме на Европско“, е официјална навивачка химна на Фудбалска репрезентација на Македонија за претстојното UEFA EURO 2020, која во соработка со Фудбалската Федерација на Македонија е изработена од Саше Љолес и Петар Младеновски, a во изведба на составот ВИС РИСОВИ – Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободна Данко Хаџи Илиев.

Денеска официјално излезе и видео спотот за навивачката химна.