Големиот пожар што денеска околу пладне избувна во струмичко е ставен под контрола во делот кај првите куќи и дворови во Водоча. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, информираа за состојбата на теренот.

Огнот запрен пред куќите

Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот е сопрен пред првите куќи и дворови во Водоча, информира Ангелов. Во гаснењето се вклучени и противпожарни екипи од Валандово и Радовиш, а од воздух интервенира и еден „Ер трактор“ на ДЗС.

Ветерот го менува правецот на пожарот

Поради силниот ветер, пожарот повеќепати го менувал правецот, при што од Водоча се префрлил кон Баница и во правец на Струмица. Во интервенцијата се ангажирани и голем број доброволни противпожарни единици.

На терен и градежна механизација

За спречување на понатамошното ширење на огнот ангажирана е и градежна механизација, која работи на изработка на заштитни појаси. Надлежните продолжуваат со интервенциите на терен.

Целото видео може да го погледнете ТУКА.