Осум лица загинаа кога нешто пред 12 часот се урна дел од настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Допрва ќе се утвруваат штетите и деталната причина. Целата настрешница која била долга 50 метри падна.
Бројката на жртви постојано расте и истата се искачи на осум загинати.
View this post on Instagram
Како што неофицијално дознава спрскиот медиум Новости, повредените кои успеале да ги извлечат од под урнатините влегле во холот на Железничката станица и им била укажана помош.
(ВИДЕО) Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најмалку едно лице загина
Четири багери и осум шлепери во моментов го расчистуваат местото. На помош доаѓа и механизација од приватни фирми. Пристигнуваат и специјални екипи за урнатините.