– Вистината е дека, да, лично јас се јавив на полициска службеничка, прекрасен глас, Виолета ниту ја знам, заради тоа што овие возила веќе беа влезени на територијата на Република Македонија и чекаа без право да мрднат, не им даваше никој заради тоа што влегле после 22 часот, рече Заев.

Заев додаде дека е доспатен за сите граѓани и дека не прекршил ништо.

– Културно се обратив до службеничката и таа уредно забележала дека премиерот се јавил. Јас немам прекршено ниту една одредба, туку само сакав да им помогнам на луѓето, рече Заев.

Но, сепак ова отвори сомнеж кај некои луѓе дали станува збор за службеничка која Заев ја познавал или не. Твитер заедницата реагираше на ова и кажа повеќе информации за службеничката на која ѝ се јавил Заев.

– Виолета е мајка на Дарко А. активист на СДСМ, екс советник во Општината кој меѓувремено вработен како инспектор во МВР си присуствуваше на седниците во Советот, пишува „Палаџуџо“ на Твитер.