Уште еден на гаф на премиерот Заев на денешната дебата во Собранието.
По гафовите на Заев за „Евриуанс контрибјушнс!“, „Јуруп мор сексипл лејди“, па откако измисли и нов збор „Вокејшнинг“, а и последниот негов гаф кога вакцините ги нараче „Ваксајнс“, денеска тој направи уште еден гаф зборувајќи англиски.
Денеска тој одново употреби англиски термин, но малку ги измеша зборови. Сакајќи да каже „Џендер“ за родова еднаквост, тој рече „Џингер“, термин кој најчесто се употребува за некој што е црвенокос, а може да значи и ѓумбир.
– Од денеска имаме нов термин за родова еднаквост: Џинџер баланс, коментираат граѓаните на Твитер.
Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение каде Твитер заедницата се шегуваше со гафот на Заев.
Од денеска имаме нов термин за родова еднаквост:
Џинџер баланс pic.twitter.com/OVCRk3NTQV— dr (@dolnareka) March 25, 2021