Јавното обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се огласија од институцијата по екстрадицијата на првоосомничениот Палевски од Република Турција.
Ретроспектива на двојното убиство
На 27-ми ноември 2023, на својот фејсбук-профил мајката на малолетната Вања Ѓорчевска уште претпладнето алармира дека нејзината ќерка исчезнала. На 3-ти декември таа и велешанецот Панче Жежоски беа пронајдени мртви на две различни локации во Скопје и Велес.
Обвинителството ги осомничи Палевски, Манев, Кешишов и Видевски, четворицата како соизвршители за кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на Вања и Панче од користољубие, додека, петтиот осомничен, таткото на Вања, дека им помогнал при извршување на кривичното дело. Додека неговите соизвршители беа апсени Палевски веќе беше во бегство. На јавноста и беше откриен начинот на кој Вања била извадена од влезот на зградата и рутата како се движеле двете возила и како и каде биле закопани и таа и Панче. На прес конференцијата ексминистерот спасовски ги соопшти деталите.
Палевски во Србија го одвезол неговиот адвокат. Од таму наредниот ден со друго лице од Скопје со „ровер“ оди во Бугарија, па во Турција во градот Баликесир. Сакал да замине за Истанбул. Откако тргнал со такси-возач повторно тргнал назад за Баликесир движејќи се пеш за да го изгуби трагот, но турската полиција го уапсила на еден од автопатите.
После ова во 48-часовен притвор беше возачот Стефан Димовски кој го возел низ Бугарија до Турција, а на распит во полициска станица беше и адвокатот Васко Стојков, со кого Палевски заминал во Белград. Земјава експресно ја почна постапката за екстрадиција. Ресорното министерство побара од турските судски власти Палевски да остане во притвор до завршување на постапката. Целокупната документација беше преведена на турски јазик и пратена со ДХЛ пошта до турските власти. Пред две седмици Турција ја одобри екстрадицијата на Палевски која се случи синоќа.
Палевски екстрадиран во Македонија
Со редовен лет на Туркиш Ерлејнс синоќа Палевски дојде во Македонија, а преку излезот кај карго просторот на аеродромот Александар Велики тој беше спроведен во затворот „Шутка“. Таму ќе биде сам и изолиран од другите затвореници.
Сепак, камерите го „уловија“ Палевски.
Еkstradohet Pallço i dyshuar për vrasje të dyfishtë, prej në aeroport dërgohet në burgun e Shutkës#PortaliX
Осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски Палчо од аеродром директно во Шутка pic.twitter.com/7Er5uVIi0h— PortaliX (@portali_x) May 15, 2024
Палевски со куфер се смести во Шутка.
Во меѓувреме, граѓаните преку петиција бараат смртна казна за да се задоволи правдата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Извор: МРТ