Македонија бележи значителен напредок во политичкиот и економскиот дијалог со Соединетите Американски Држави. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за време на гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на телевизија „Сител“.

Министерот подвлече дека по работната посета на Вашингтон и учеството на Генералното собрание на ОН се очекуваат директни придобивки за домашната економија. Тој се осврна на средбите со високи претставници на американската администрација и финансиските институции.

Според Муцунски, соработката со американската развојна финансиска корпорација ДФЦ отвора врата за реализација на значајни проекти. Владата останува целосно посветена на привлекување капитал и зајакнување на билатералната трговска размена.