– Не го исполнивме ниту условот да се искористат и средствата од солидарниот фонд на ЕУ. Замислете не се потрошиле доволно средства за заштита на најизложените – медицинските лица, исто и за граѓаните, или од Буџет од 4 милијарди евра за борба против корона искористени се само 7 милиони евра, рече Пешевска.
Според Пешевска, граѓаните во оваа корона криза се опљачкани, а сега кога сите земји граѓаните се вакцинираат, кај нас граѓаните не можат да видат вакцина.
Пешевска се осврна и на одржувањето на попис од кој власта не отстапува.
– Ние поднесовме суштински амнадмани на самиот Закон за попис, а сега поденсовме и закон за поништување на Законот за попис. И сега и самиот директор на Заводот за статистика вели само пандемијата моѓе да го спречи. На оваа епидемиолошка состојба власта не реагира што покажува дека пописот е политички договор. Нив не ги интересира здравјето. Лицата кои ќе бидат дел од пописот ќе бидат нов кластер, зарем ни треба сега нов кластер?!Во ваква ситуација не се одржува попис и сега развиените држави со развиени економии одложуваат попис, рече Пешевска.