Арапските држави со остри осуди по нападот

Ракетниот напад што Иран во текот на ноќта го изврши врз Кувајт и Бахреин предизвика остри реакции низ Блискиот Исток. Според информациите, во нападот загинало едно лице, а повеќе од 60 биле повредени, по што следуваа бројни осуди од арапските држави.

Кувајт и Бахреин соопштија дека биле погодени цивилни и витални објекти, како и дипломатска мисија, оценувајќи го нападот како сериозна закана за безбедноста и стабилноста во регионот.

Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија го осудија нападот, нарекувајќи го „терористички чин“ и тешко прекршување на меѓународното право.

Осуди пристигнаа и од Катар, Јордан, Јемен и Либан. Повеќето од овие земји предупредија дека ваквите дејствија дополнително ги зголемуваат тензиите на Блискиот Исток и претставуваат директно нарушување на суверенитетот на државите.

Дипломатската криза што следува по нападот дополнително ги зголеми стравувањата од натамошна ескалација на состојбата во регионот.